• недела, 22 декември 2024

Турскиот претседател Ердоган во посета на Тирана

Турскиот претседател Ердоган во посета на Тирана

Тирана, 10 октомври 2024 (МИА) – Со сите државнички почести денеска во Тирана, претседателот на Албанија, Бајрам Бегај го пречека неговот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

По средбата со Бегај, Ердоган оствари средба со премиерот Еди Рама, по што следуваше потпишување повеќе договори, еден од нив, за кој Рама рече дека е најзначен, е отворањето факултет во Тирана на турскиот технички факултет.
 
-Тука сум во нашата прјателска и братска земја, која е наш стратешки парнер, со кого годинава одбележуваме 100 години од воспоставувањето дипломатски односи. Ние ги гледаме нашите иницијативи како чекори кои ќе ја зголемат благосостојбата на нашиот народ. Се договоривме да ја продолжиме соработката во здравството, ќе обезбедиме и поддршка за армијата на Албанија, нашиот стратешки партнер и нашите сојузници во НАТО, рече Ердоган во изјавата за медиумите по потпишувањето на договорите.
 
Турскиот претседател информираше дека со премиерот Рама разговарале и за прашањето за заедничката битка против терористичките организации, против ФЕТО.
 
-Се надеваме дека ќе ја продолжиме нашата борба против терористичките организации ефективно преку одлуките што ги донесовме денеска, рече Ердоган.
 
Упати силни критики до Израел за она што се случува во Газа, иако албанскиот премиер, како што наведуват медиумите,  е поддржувач на еврејската држава.
 
-Израелските злосторства на окупираните палестински територии, во Газа и Либан, беа меѓу приоритетните точки на нашата средба. Ги споделив нашите ставови за агресијата на владата на Нетанјаху која ги надминува регионалните рамки и стана закана за глобалниот поредок. Едногодишниот геноцид во Газа е заеднички срам на сите луѓе. Поради оваа причина, ние како меѓународна заедница мора да работиме на постојан прекин на огнот за да обезбедиме хуманитарна помош и притисок врз Израел. Верувам дека Албанија ќе го направи својот дел во оваа насока, нагласи Ердоган.
 
Рама од своја страна повеќе зборуваше за соработката, турските инвестиции, трговската размена, за која рече дека очекува да надмине две милијарди евра, а се заблагодари  и за донацијата од дронови камикази, додавајќи дека „овој подарок не треба никого да вознемирува“.
 
Во однос на состојбата во Газа тој рече „Хамас, кој е терористичка организација, нема место во мирна иднина, го поддржуваме решението за две држави Израел и Палестина“.
 
-Украина е централна тема, денеска, освен страшниот конфликт во Украина, кој го погодува народот кој има право да живее слободно, тоа што се случува во Газа е исто така трагедија од колосални размери. Ја делиме истата оценка за руската агресија во Украина и правото на палестинскиот народ да живее слободно во својата држава. За едно прашање  имаме поинаква гледна точка. Да се ​​биде одлучен против теророт, теророт во која било форма и во која и да е маска за нас е неподнослив. Во  Советот за безбедност гласавме за прекин на огнот, но за нас Хамас е терористичка прганизација и нема место во мирната иднина што треба да им се наметне на двете суверени држави, Израел и Палестина, посочи Рама.
 
Според него историски факт е дека Турција прва го призна Косово како независна држава додавајќи дека  „неоспорен пријател во сите денови, од Турција и претседателот Ердоган, Република Косово не може да се најде никаде“.
 
Најавија дека заедно свечено ќе ја отворат големата џамија, најголема на Балканот, која според Ердоган е подарок за „браќата и сестри муслимани во Албанија“.

Ердоган придружуван е од неговата сопруга Ајше, а предводи и поголема делегација на министри, меѓу кои и шефот на дипломатијата Хакин Фидан, како и други високи претставници. На Меѓународниот аеродром беа пречекани од вице премиерката Белинда Балоку и шефот на димоломатијата Игли Хасани. Од страна на претседателот Бајрам Бегај беше примен со сите државнички почести, а пред Владата Рама го пречека на црвен тепих.

Ердоган утре ќе го посети Белград. вт/

Фото: Принтскрин

 

 

Остани поврзан