• понеделник, 01 јули 2024

Трудо: Русија не може да биде конструктивен партнер во Г-20

Трудо: Русија не може да биде конструктивен партнер во Г-20
Вашингтон, 1 април 2021 (МИА) - Премиерот на Канада, Џастин Трудо синоќа изјави дека поради инвазијата на Русија врз Украина, таа земја не може да биде конструктивен партнер во Г-20. САД, Канада и други западни сојузници бараат исклучување на Русија но тоа може да биде одбиено од други земји во Г-20 како Кина, Индија, Саудиска Арабија и останати. Минатата недела дел од земјите-членки предложија пролонгирање на Самитот на Г-20, што е предвиден за годинава. Претседателот на САД Џо Бајден претходно изјави дека мисли дека Русија треба да биде исклучена од Г-20. Покрај Г-7 во која се САД, Франција, Германија, Италија, Канада, Јапонија и Велика Британија, Г-20 е една од најголемите меѓународни платформи за координација на најразлични дејства како борба со климатските промени или меѓународниот долг. кб/ми/

Остани поврзан