Тројца кумановци и двајца кратовци не ја почитувале забраната за движење
- Тројца кумановци и двајца кратовци не ја почитувале мерката за забрана за движење во периодот од 21:00 до 05:00 часот, соопшти денеска СВР Куманово.
Куманово, 27 март 2020 (МИА) - Тројца кумановци и двајца кратовци не ја почитувале мерката за забрана за движење во периодот од 21:00 до 05:00 часот, соопшти денеска СВР Куманово.
-На подрачјето на СВР Куманово во текот на изминатото деноноќие лишени од слобода се пет лица - три во Куманово и две во Кратово, кои не се придржувале до мерката забрана за движење на граѓани во временскиот период од 21:00 до 05:00 часот и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од полицијата.
На подрачје на градот Куманово регистрирани се 44 лица на кои им е изречена мерка медицински надзор и домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Регистрирани се и 567 лица (450 од Куманово, 41 од Општина Липково, 35 од Крива Паланка, 27 од Кратово и 14 од Општина Ранковце) со наредба за изолација од Министерство за здравство.
Од страна на полициски службеници од СВР Куманово се вршат секојдневни контроли на лицата кои се во изолација и самоизолација, како и контроли на угостителски објекти, при што не се регистрирани прекршувања од истите, со исклучок на едно лице кое не се придржувало до мерката за „Здравствен надзор и домашна изолација“-самоизолација, за што ќе следи соодветен поднесок.ам/бт/