• понеделник, 25 ноември 2024

Во октомври зголемени цените на угостителските услуги

Во октомври зголемени цените на угостителските услуги

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Цените на угостителските услуги во октомври во споредба со септември бележат зголемување од 1,1 процент, а во однос на октомври лани зголемување за 6,1 процент.

Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – октомври во однос на истиот период лани е зголемен за 5,6 проценти, а во однос на декември минатата година за 3 проценти. бак/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан