• четврток, 27 јуни 2024

Тропска бура Алберто над западниот Мексикански залив

Тропска бура Алберто над западниот Мексикански залив

Санта Фе, 19 јуни 2024 (МИА) - Тропска бура наречена Алберто, прва од сезоната на урагани во Атлантикот во 2024 година, се формираше над западниот Мексикански Залив, соопшти денеска Националниот центар за урагани на САД.

Невремето е регистрирано на околу 300 километри источно од Тампико, Мексико, со ветрови од 65 километри на час, изјави метеоролог од Мајами.

Бурата Алберто најверојатно ќе се прошири во Мексико утре или утревечер. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан