• вторник, 02 јули 2024

Три лица фатени со хероин и кокаин во Гостивар

Три лица фатени со хероин и кокаин во Гостивар

Гостивар, 13 јануари 2023 (МИА) – Три лица се лишени од слобода откако синоќа при претрес на стан во Гостивар биле пронајдени хероин и кокаин.

Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар синоќа околу 20 часот и 30 минути, на улица „Мара Угринова” во Гостивар, ги лишиле од слобoда Л.Ф.(60) од гостиварско Форино, Ш.А.(48) од гостиварски Добридол и Е.К. (23) од гостиварско Калиште.

При  преглед на просторијата во која престојувал и ја користел Л.Ф. биле пронајдени 20 пакувања хероин и една грутка кокаин.Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 215 од Кривичниот законик. згм/цр

Остани поврзан