• вторник, 07 мај 2024

Трипуновски: Николовски повторно лаже, донел и потпишал решение за престанок на важност на договорот!

Трипуновски: Николовски повторно лаже, донел и потпишал решение за престанок на важност на договорот!

Скопје, 14 март 2024

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook статус објави документи на кои се гледа дека е издадено решение за престанок на договорите за закуп на земјоделско земјиште потпишано од министерот Николовски, за кои Николовски тврди дека МЗШВ нема донесено вакви решенија.

Уште една лага на министерот Николовски!

Тврдењето дека нема раскинато договори за земјоделско земјиште не е точно. Вистината е дека Николовски носи решение за престанок на договорите за закуп на земјоделско земјиште.

Јас секогаш зборувам со факти и докази, па така еве еден од многуте раскинати договори на земјоделците за кои министерот Николовски вели дека не постојат.

Заради негрижата на актуелната власт многу земјоделци нема да можат да аплицираат за субвенции токму заради раскинатите договори од страна на Николовски. Во прилог ви ги испраќаме скенираните документи како и линк од facebook објавата на Цветан Трипуновски.

 

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/pfbid02FysPbkYdLTXdW1kdxwK5gnB4gBQVcjLeG6tj4Ct3zsxw1KXKLxaMt6JQCD9koQ6Pl

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан