• четврток, 26 декември 2024

Митрески: Да се обединиме против режимската ВМРО-ДПМНЕ, да гласаме за концептот за европска иднина на државата

Митрески: Да се обединиме против режимската ВМРО-ДПМНЕ, да гласаме за концептот за европска иднина на државата

Скопје, 6 мај 2024

“Граѓаните имаа можност да видат два концепта, едниот, на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кој води кон подобра иднина, кон прогрес, кон унапредување на животниот стандард, со конкретни и реални проекти, со визија Македонија да стане држава со европски вредности и конечно членка на ЕУ до 2030 година и  оној на ВМРО-ДПМНЕ кој сака да не врати назад, во изолација, во безнадежност, во страв и агонија, во нови поделби и кавги по меѓуетничка основа“, порача носителот на ИЕ 5 Јован Митрески, на вечерашниот митинг во Битола. 

Тој нагласи дека во кампањата можеше да се види и понуда на два сосема различни тима, на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кои имаат визија, кои имаат одлучност и храброст да носат вистински одлуки во интерес на граѓаните, тимот на ВМРО-ДПМНЕ, истите оние луѓе кои беа послушници и главни извршители на Никола Груевски, кои Македонија ја доведоа до бездна. 
„Тоа се истите оние кои со Груевски правеа криминали или ги штитеа неговите криминали и кои и ден денеска не се оградија од криминалите и од злосторството што на Македонија и го направија. И затоа ова се важни избори! Важно е на 8 мај да се направи вистинскиот избор бидејќи одлучуваме по кој правец ќе тргне државата. Немаме веќе време за губење. Нема да дозволиме повторно да ја заробат државата, да ја уназадат државата, ниту па некој да ја уништува иднината на нашите деца“, додаде Митрески. 

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да гласаат за број 1, за конкретна, реална и осварлива Програма. 
„Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за неизвесност, за враќање кон минатото, за нови кавги и поделби, за нови проблеми. СДСМ е силна партија, не се откажува и не потклекнува. Мора да се обединиме против режимската ВМРО-ДПМНЕ, која никогаш не работела во интерес на граѓаните“, порача Митрески од Битола.

Костадиновска – Стојчевска ги повика граѓаните на обединување и да гласаат за слобода и демократија

Коносителката на изборната листа на СДСМ во петтата единица, Бисера Костадиновска – Стојчевска од митингот во Битола испрати порака за обединување на граѓаните и прогресивните сили на 8 мај. 

„Ве повикувам на обединување околу вистинските демократски вредности, околу слободата, стабилноста и понатамошниот прогрес на државата. Сега е време да покаже секој од нас одговорност и мудрост, да се остават на страна сите разлики и поделби и да ја гледаме големата цел, а тоа е каде и како оди државата после 8 мај.

Да гласаме за број 1, за Стево, СДСМ, за НОБ, за АСНОМ! Да ги продолжиме делата на нашите претци со кои делиме исти вредности“ – порача Костадиновска – Стојчевска пред жителите на Битола.  

Според неа, вистинските антифашисти се борат за слобода на говор, слобода на делување, слобода на живот. Потсети на големите резултати на СДСМ, со кои партијата со право се нарекува државотворна и граѓанска.
„Вистинска социјалдемократија значи кога се носат одлуки кои не се лесни за поединецот, ама се потребни за државата. И кога ќе кажеме дека СДСМ е државотворна партија, дека секогаш државата ни е пред се, тоа го докажавме и покажавме. И ќе продолжиме да го правиме тоа. Затоа што без разлика дали сме на власт или опозиција, секогаш граѓаните ни се на прво место. Ако не ни беа, немаше да зголемуваме плати, немаше да субвенционираме сметки за електрична енергија, немаше да работиме на привлекување на странски инвестиции и да отвараме нови работни места. Да работиме на мерки кои ке ни ги задржат младите дома“- рече Костадиновска – Стојчевска на митигнот во Битола.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан