• понеделник, 08 јули 2024

Тренчевска: Сензорните соби се од големо значење за лицата со попреченост и се важна алка во терапевскиот пристап наменет за нив

Тренчевска: Сензорните соби се од големо значење за лицата со попреченост и се важна алка во терапевскиот пристап наменет за нив
Пробиштип, 4 мај 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го посети Дневниот Центар за лица со попреченост во Пробиштип, во кој од неодамна функционира сензорната соба за лица со попреченост. -Големата важност на сензорната соба за лицата за попреченост ја знаат како и вработените така и родителите на лицата со попреченост. Можноста за стимулација на сетилата овозможува подобра адаптација на корисниците во надворешната средина. Умереното и контролирано изложување на лицата со попреченост на различните дразби како мирис, вкус, звуци, светлосни ефекти овозможува развивање на сетилата и нивната правилна употреба. Секој центар кој што ги користи придобивките од сензорната соба е свесен за задоволството и позитивните ефекти кои ги имаат корисниците од терапиите во неа, вели Тренчевска. Дневниот центар за лица со попреченост во Пробиштип згрижува 11 корисници на возраст од 4 до 40 години. Центарот спроведува индивидуална и групна терапија во зависност од попреченоста и потребите на корисниците. Дефектолог, психолог, медицинската сестра и социјалниот згрижувач за деца се давателите на услуги во центарот. -Изминатиот период ја усвоивме и измената и дополнувањето на одлуката за цената на социјалните услуги за 2022 година, со што се воведе нова цена и за индивидуален третман од 858 денари и 1.053 денари дневно по корисник спроведена од стручен работник во лиценцираните Дневни центри за деца со попреченост, дополни Тренчевска. Таа ја истакна и важноста на сите услуги кои што се даваат на ниво на центрите кои што го олеснуваат секојдневието како кај децата така и кај возрасните со попреченост. За изведување на градежни работи за реновирање на простор во Дневен центар Министерството за труд и социјална политика инвестираше средства од својот буџет во вредност од околу 300.000  денари без ДДВ.  Додека за набавка и монтажа на опрема околу 300.000 денари.вдј/свс

Остани поврзан