• понеделник, 18 ноември 2024

Средба Божиновска - Агелер: Поддршка од САД за размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката

Средба Божиновска - Агелер: Поддршка од САД за размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.

На средбата, како соопштија од Владата, се разговарало за новоформираното Министерство, неговите цели, активности и проекти.

Министерката Божиновска ја истакнала важноста за реализирање на нови капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките закони со оние на Европската Унија во делот на енергетиката.

-Неопходно е зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји, имајќи предвид дека стратешката определба е во насока на зајакнување на односите со нашиот партнер САД, , истакнала Божиновска. 

На средбата, како што се посочува во соопштението, била нагласена и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката и обновливите извори на енергија. дма/бак/

Фото: Влада

Остани поврзан