• сабота, 05 октомври 2024

Тренчевска на средба со Моника Сандри од УНХЦР

Тренчевска на средба со Моника Сандри од УНХЦР

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска остварила средба со претставничката на УНХЦР, Моника Сандри на која и завршува петгодишниот мандат во земјава.

На состанокот, како што е наведено во соопштението од МТСП, се разговарало за напредокот на земјата во изминатиот период и за соработката што државата ја има со UN агенциите.

Сандри на средбата зборувала за кризата со миграциите и за интеграција на бегалците во државата истакнувајќи дека интеграцијата може да се постигне со обезбедување на поголем пристап до сите материјални добра. дма/бак/

Фото:МТСП

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан