• петок, 22 ноември 2024

Трајковски: Пелети декларирани како словенечки, а немаат врска со Словенија, граѓаните да внимаваат кога купуваат

Трајковски: Пелети декларирани како словенечки, а немаат врска со Словенија, граѓаните да внимаваат кога купуваат

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) -  Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски денеска предупреди граѓаните да внимаваат кога купуваат пелети зашто може да им бидат понудени некои како А класа, а всушност да се  А2 или Б, за индустриска употреба.

Таков е случајот, како што информира на прес-конференција, со пелетите кои се продавале како словенечки, а немале врска со Словенија.

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профи

-Понајдени се пелети декларирани како словенечки, а немаат врска со Словенија. Пакувани се во други држави, а не соодветствува и квалитетот. Граѓаните мора да знаат кога купуваат каде се пелетите произведени и како се пакувани, дури тогаш да одлучат да купат зашто во моментов имаме декларирање А1 класа, која може да е А2 или Б, за индустриска употреба, истакна Трајковски.

Моментно, дополни, се рвшат анализи надвор од земјава и случајот со палетите детално ќе биде презентиран идната недела. мч/дма/

фото: МИА и МИА архива

Остани поврзан