• вторник, 09 јули 2024

Тренерот на Жирона: Не можеме да се бориме со Реал за трофејот, пласман во еврокуповите се нашиот сон

Тренерот на Жирона: Не можеме да се бориме со Реал за трофејот, пласман во еврокуповите се нашиот сон

Жирона, 4 јануари 2024 (МИА) – Тренерот на Жирона, Мичел Санчез смета дека неговиот тим нема сили да се бори со Реал Мадрид за шампионската титула.

Сепак Санчез верува дека Жирона може да избори пласман во еден од еврокуповите и со тоа да го исполни својот сон.

- Освојувањето на Ла Лига не е наша цел. Се движиме од натпревар во натпревар и сакаме да влеземе во европските купови. Ова веќе ќе нè запише во историјата. Одигравме многу добар натпревар. Направивме многу големи работи. Моите играчи имаат неверојатен карактер и истрајуваат во тешки времиња. Тие секогаш се трудат да одат напред. Еврокуповите се нашиот сон. Не можеме да се бориме со Реал Мадрид. Многу е тешко да се освојат бодови на секој меч, изјави Санчез.

Жирона вчера забележа победа против Атлетико (4:3) во натпреварот од 19. коло на Ла Лига. Со Реал Мадрид имаат 48 бода. Барселона, која има натпревар помалку и Атлетико Мадрид заостануваат 10 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан