• недела, 22 декември 2024

Јао Минг: Политиката да не се меша во кинеско – американските спортски односи

Јао Минг: Политиката да не се меша во кинеско – американските спортски односи


Пекинг, 21 ноември 2024 (МИА) – Прославениот кинески кошаркар и поранешна НБА ѕвезда Јао Минг изјави денеска дека фокусот на спортските односи меѓу Кина и САД треба да биде на спортското поле, а политичките прашања треба да се избегнуваат.
„Како луѓе кои работеле на ова поле, треба подобро да разбереме што е „внатре“ во самата игра и што е „надвор“ од неа. Треба да дадеме сè од себе за да се обидеме да ја избегнеме политиката“, рече 44-годишниот Минг на тркалезна маса во Пекинг во врска со спортските односи меѓу двете земји.
Иако Кина има голем број љубители на кошарката, оваа азиска земја не е домаќин на НБА натпревар веќе пет години поради политички контроверзии.
Во 2019 година, поранешниот генерален менаџер на НБА тимот на Хјустон Рокетс, Дерил Мори на платформата Икс изрази својата поддршка за Хонг Конг. Од своја страна, Минг, кој целата своја НБА кариера ја мина во редовите на Хјустон, рече дека Мори „зачекори во минско поле за всушност не знаел дека постои“.
НБА тогаш загуби стотици милиони долари поради забраната за пренос на ова натпреварување во Кина до 2022 година.
Неодамна комесарот на НБА Адам Силвер објави дека Кина повторно ќе биде домаќин на натпреварите на најсилната светска кошаркарска лига. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан