• сабота, 16 ноември 2024

Трамп ќе го именува Даг Бургам за министер за внатрешни работи

Трамп ќе го именува Даг Бургам за министер за внатрешни работи

Вашингтон, 15 ноември 2024 (МИА) – Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп најави дека ќе го именува гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургам за секретар за внатрешни работи.

- Бургам фантастично ќе го води Министерството за внатрешни работи, наведе Трамп.

Гувернерот на Северна Дакота е познат по своите конзервативни ставови, а претходно се обиде да се кандидира за републиканската претседателска номинација, но се откажа и стана поддржувач на Трамп. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан