• недела, 07 јули 2024

Трамп му честиташе на Фараж влез во британскиот Парламент

Трамп му честиташе на Фараж влез во британскиот Парламент

Вашингтон, 5 јули 2024 (МИА) – Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, денеска му честиташе на својот десничарски сојузник Најџел Фараж, лидер на Реформската партија, за освоеното место во британскиот парламент, по седум неуспешни обиди, пишува Индипендент.

Трамп ја објави честитката на својата платформа „Truth Social“, во која, како што забележува британскиот весник, не го споменува победникот на вчерашните британски избори, Кир Стармер, чија Лабуристичка партија ги победи конзервативците по 14 години на власт.

- Честитки до Најџел Фараж за неговото големо освојување пратеничкото место во рамките на изборниот успех на Реформската партија. Најџел е човек кој навистина ја сака својата земја!, напиша Трамп. јт/

Остани поврзан