• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп ги повика компаниите да се преселат во САД за да избегнат царини

Трамп ги повика компаниите да се преселат во САД за да избегнат царини

Вашингтон, 9 април 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика компаниите да се преселат во САД за да ги избегнат новите царини, а откако трговската војна со Кина ескалираше со стапување во сила на високи увозни давачки.

„Сега е совршено време да ја преселите вашата компанија во САД, како што тоа го прават Епл и многу други, во рекордни бројки“, објави Трамп на својата платформа Трут Соушл (Truth Social), ветувајќи „нула царини“ и „без еколошки одложувања“.

„Не чекајте – сторете го тоа веднаш“, додаде Трамп. ссм/

фото: архива

Остани поврзан