• среда, 17 јули 2024

Тракторист загинал во Неготино

Тракторист загинал во Неготино
Неготино, 24 февруари 2021 (МИА) -  Тракторист загинал вчера  во Неготино, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. -На патниот правец Неготино -село Курија се случила сообраќајна незгода во која Т.Е.(75) од Неготино, управувајќи трактор „ИМТ-539“, со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и од здобиените повреди,  починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош,  изјави Додевски. Увид извршиле јавен  обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино.свд/лв/

Остани поврзан