• понеделник, 16 септември 2024

ТППЕ Струмица: И покрај падот на температурите и дождовите бројот на пожари на отворено не се намалува

ТППЕ Струмица: И покрај падот на температурите и дождовите бројот на пожари на отворено не се намалува

Струмица, 15 септември 2024 (МИА) - И покрај падот на температурата за околу 15 степени и дождовите што заврнаа, бројот на пожари и интервенции на отворен простор воопшто не се намалени. За жал се уште сме сведоци на неодговорно и несовесно однесување на група граѓани, информираа денеска од ТППЕ Струмица, откако во изминатите три денови гаснеа четири пожари на отворено.

Како што информираа струмичките пожарникари, утрово во 05:20 часот на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ била запалена помошна просторија. Спречено е ширење на пожарот на куќата и поголема материјална штета, а денеска во 13:00 часот во атарот на село Вељуса била запалена нискостеблеста шума и сува трева.

Вчера и завчера била запалена нискостеблеста шума и сува трева во атарот на село Рич и нискостеблеста и борова шума во близина на браната „Водоча“. рт/лв/

Фото: ТППЕ Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан