• вторник, 02 јули 2024

Тинејџер го пријавил својот татко дека учествувал во нападот врз Конгресот

Тинејџер го пријавил својот татко дека учествувал во нападот врз Конгресот

Вашингтон, 27 јануари 2021 (МИА) - Тинејџер од Тексас, Џексон Рефит го пријави својот татко дека учествувал во нападот врз Конгресот. По пријавата Гај Рефит е уапсен поради учество во немирите и поврзаност со екстремистички воени групи.

При приведувањето во домот на Гај Рефит пронајдени се и две парчиња оружје. Федералното истражно биро (ФБИ) го пронајде Рефит благодарение на снимката од немирите објавена на „Фокс њуз“, а бил контактиран и неговиот 18-годишен син Џексон, кој помогнал да бидат докажани сомневањата на ФБИ.

Остани поврзан