• петок, 22 ноември 2024

Тешка сообраќајка со училишен автобус во Индонезија, загинаа 11 лица

Тешка сообраќајка со училишен автобус во Индонезија, загинаа 11 лица

Џакарта, 12 мај 2024 (МИА) - Најмалку 11 лица, претежно ученици, загинаа во тешка несреќа со училишен автобус во Индонезија, пренесуваат американските медиуми.

Според извештаите, на автобусот му откажале кочниците, по што удрил во неколку автомобили и мотоцикли пред да удри во столб и да се преврти.

Автобусот со 61 ученик и професор се враќал во средното училиште во Депок во близина на главниот град Џакарта, од туристичкиот град Бандунг доцна синоќа по прославата на дипломирањето, изјави портпаролот на полицијата во Западна Јава, Жил Абрахам Абаст.

-Автобусот изгубил контрола на удолницата и преминал на спротивната лента, удрил во неколку автомобили и мотоцикли пред да удри во столб за струја, рече тој.

Девет лица загинаа на местото на несреќата, а уште две починаа подоцна во болница, меѓу кои и наставник и возач на автобус, потврди Абаст. Уште 53 лица се хоспитализирани со повреди, меѓу кои и некои во критична состојба.

-Се уште ги истражуваме причините за несреќата, но прелиминарната истрага покажа дека кочниците на автобусот биле неисправни, рече Абаст.

Тешките сообраќајни несреќи не се невообичаени во Индонезија, пред се поради лошите безбедносни стандарди и патната инфраструктура. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан