• петок, 13 септември 2024

Тече постапката за изработка на ДУП за кумановската населба „Стари Лозја“

Тече постапката за изработка на ДУП за кумановската населба „Стари Лозја“

Куманово, 13 септември 2024 (МИА) - Две средби со надлежни институции одржаа жителите од кумановската населба „Стари лозја“ со „Хабитат“ за изработка на нов детален урбанистички план во населбата, соопштија денеска надлежните од секторот за локален економски развој од општина Куманово.

-Досега се организирани две средби со „Хабитат“, граѓаните активно учествуваа во изработка на програмата и акциските планови за изработка на ДУП-от за „Стари Лозја“. Присуствува и институциите активно работевме на детекција на локалните проблеми, моменталната состојба на населбата. Програмата се подготвува, лоцирани се контурите на ДУП-от кој опфаќа 21 хектар, избранаа е фирма која треба да почне со изработката на планот. Околу 16 хектари ќе бидат финансирани од „Ромалитико“, се врши избор на фирма и до крајот на годинава се очекува целосна изработка, изјави Ахмет Јашаровски од секторот за локален економски развој.

„Старо Лозја“ имаат постоечки детален урбанистички план, но тој не се совпаѓа со моменталните потреби на населението. Новиот ДУП ќе даде можност за поголем развој на населбата неспоредно до градот и можност за изработка на подземна и надземна инфраструктура.

- Овој модел ќе се работи и може да послужи како пилот програма за други населени места во градот, изјави Јашаровски.

Општина Куманово продолжува со директни средби со граѓаните за да може да се идентификуваат клучните проблеми во населбите.

- Ќе го прифатиме ова како предизвик кој заеднички треба да се примени, изјави Јашаровски.

По направените анализи, донесено е решение за реализација на проектните активности на локацијата „Стари лозја“ – урбанистички план блок број 8. каде ќе се прави ДУП на површина околу 20-тина хектари. ам/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан