Техничкиот министер Велковски во посета на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар
- Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, денеска попладне беше во посета на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар.
Дебар, 18 април 2024 (МИА) - Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, денеска попладне беше во посета на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар.
Велковски остварил средба со директорот на центарот Крешник Пачуку, кој детално го информирал за работата но и проблемите со кои се соочува оваа институција, која со својата активност ја покрива и соседната општина Центар Жупа.
Исто така, непосредно, за активностите на центарот разговарал и со социјалните работници и другите вработени.
- МЦСР во Дебар се соочува со недостиг на стручен кадар. Во плодната дискусија констатиравме дека се потребни нови системски решенија во министерството во наредниот период. Напластените проблеми се негрижа на менаџментот на министерството кон најголемиот дел од корисниците и невоведување на суштински промени со што ќе се олеснеле процедурите и постапките, објави Велковски на Фејсбук.
Тој додава дека овој проблем кој се појавува во повеќе центри е резултат на системска негрижа кон социјалните работници години наназад.
Инаку, во двете општини право на загарантирана минимална помош остваруваат 750 корисници со 2 500 членови на нивните семејства, поголемиот процент од општина Дебар, што е и разбирливо, поради поголемиот број жители.
Исто така над 500 лица, категоризирани во две групи, остваруваат право на помош и нега од друго лице. вт/дма/
Фото: Велковски ФБ