• среда, 07 август 2024

Техеран: Засега нема приведени за убиството на Ханија

Техеран: Засега нема приведени за убиството на Ханија

Техеран, 6 август 2024 (МИА) - Иран допрва треба да изврши апсења поврзани со убиството на политичкиот шеф на Хамас Исмаил Ханија во Техеран, соопшти денеска иранското правосудство.

Водачот на палестинската милитантна група беше убиен минатата среда за време на посетата на церемонијата на положување заклетва на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

-Почнаа „неопходните истраги“, а резултатите ќе бидат објавени „штом ќе заврши истрагата“, изјави портпаролот на судството Асгар Јахангир. - До денеска, нема уапсени во врска со тој случај“, рече тој, додавајќи дека во истрагата се вклучени ирански воени претставници.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ханија бил убиен со помош на „проектил со краток дострел“ лансиран надвор од неговото сместување во Техеран.
Иран и Хамас го обвинија Израел и ветија дека ќе возвратат. Израел одби да коментира.

Во саботата, Њујорк Тајмс објави дека Иран уапсил повеќе од дваесет луѓе, меѓу кои и високи разузнавачи, меѓу другите, во врска со убиството на Ханија. Јахангир ги отфрли тврдењата за какви било апсења како „гласини“ и „лажни“.
„По атентатот ...дефинитивно ќе има храбар одговор од страна на Исламската Република“, потенцираше тој. ссм/

фото: архива

Остани поврзан