• петок, 22 ноември 2024

Тер Штеген го продолжи договорот со Барселона до 2028 година

Тер Штеген го продолжи договорот со Барселона до 2028 година

Барселона, 25 август 2023 (МИА) – Марк-Андре тер Штеген го продолжи договорот со Барселона. Соработката на Каталонците со германскиот голман сега е со важност до 2028 година.

 

Барселона за предвремен раскин на договорот одреди откупна клаузула во висина од 500 милиони евра.

 

Беше објавено дека Тер Штеген ќе се откаже од значителен дел од неговите први две години договорна плата за да се вклопи во нормите во Ла Лига. Овие пари играчот ќе ги добие во последните три години од договорот.

 

Да потсетиме дека Германецот брани за Барселона од 2014 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан