• петок, 21 јуни 2024

Теристичка дезинсекција и дератизација во Вевчани

Теристичка дезинсекција и дератизација во Вевчани

Вевчани, 14 мај 2024 (МИА) - На територијата на општина Вевчани в четврток ќе биде спроведена теристичка дезинсекција за уништивање на ларвите на комарците заради спречување на ширењето заразни болести.

Третманот против ларвицидна форма на комарци, како што соопшти Општина Вевчани, ќе се изврши терестички со употреба на гранули на локации од вкупна површина од 6.050 метри квадратни.

- Со првата пролетна дератизација ќе се поминат сите предвидени локации кои можат да бидат извор на зараза со предвидени 30 шахти за третирање, стои во информацијата.

Третирањето, според информацијата, ќе се одвива во периодот од 10 до 16 часот. Доколку, временските услови не дозволуваат да се спроведат третманите на дезинсекција и дератизација, тогаш ќе бидат одложени за наредниот ден со поволни временски услови. сс/дма/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан