• сабота, 27 јули 2024

Тен Хаг: Се движиме во вистинска насока

Тен Хаг: Се движиме во вистинска насока

Манчестер, 7 декември 2023 (МИА) – Задоволен од победата (2:1) над Челзи остварена синоќа во 15. коло на Премиер лигата, тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хагги пофали своите фудбалери.

- Задоволен сум од резултатот и играта, иако секогаш може да се најдат забелешки. Првите 30 минути на теренот доминиравме. Без потреба примивме гол пред паузата. Сепак  Мектоминај со вториот гол ни ја донесе победата. Треба уште да работиме и да напредуваме. Се движиме во вистинската насока, изјави Тен Хаг, за англиските медиуми.

Манчестер јунајтед со 27 освоени бодови се наоѓа на 6. место во поредокот. Пред Јунајтед се Арсенал 36 бода, Ливерпул 34, Астон Вила 32, Манчестер сити 30 и Тотенхем 27. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан