• петок, 28 јуни 2024

Тендер за КАТО системот ќе биде распишан до 5 јануари, вели Меџити

Тендер за КАТО системот ќе биде распишан до 5 јануари, вели Меџити

Скопје, 20 декември 2023 (МИА) – Министерот за здравство Фатмир Мецити денеска информира дека до 5 јануари ќе биде распишен тендер за КАТО систем.

Меџити на денешната конференција по посетата на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација одговорајќи на новинарско прашање рече дека тендерот би требало да биде спроведен некаде до јуни и дека нема информации што точно ќе содржи.

-Навистина не би знаел. Милион работи. Јас најмалку разбирам распишување на тендери, за тоа има служби. Ќе ви пратиме соопштение точно ќе ви кажеме што е распишано да не згрешам нешто, не ми текнува и не сакам да се занимавам со овие работи, изјави Меџити.

Во однос на обучениот персонал напомена дека има административни задачи на кои ќе треба да се работи наредниот период.

Има работи административни, а ова е малку потешка, покомплицирана работа бидејќи се работи за едуциран кадар кој треба квалитетно, ефективно да работи. И тој кадар што бил на времето веќе не е и сега ние се спремаме да бидеме сериозни за да почне ова да работи како што треба, да не се соочуваме после со непредвидени последици или работи што не сме ги планирале како треба. Затоа сакаме многу концизно да ги планираме работите за да кажеме дека навистина сме сериозни, посочи тој.

На прашање дали онколошките пациенти по Нова година ќе имаат терапија и дали постои ризик повторно да има недости министерот изрази надеж дека до тоа нема да дојде.

-Ние работиме да не постои ризик како што беше и мислам дека ќе издејствуваме и од ФЗОМ и од сите да нема таков проблем. Но, знаете, на ниво на државата и на ниво на светот во глобално ниво секогаш има дефицит на некои материи на лекови и овие ни укажале дека може да се случи, но како и да е секогаш постои замена и ние сме тука, будно ги следиме сите препораки и од СЗО и да немаме ваков дефицит. Но, дали може да се случи – тоа е знак на прашање, истакна Меџити. свс/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан