• петок, 22 ноември 2024

Тендерот за надзор на автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“ отворен до 17 октомври

Тендерот за надзор на автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“ отворен до 17 октомври
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) -  На повторената постапка за избор на надзор и консултант за автопатите што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе може да се доставуваат понуди до 17-ти следниот месец, а по 30 дена ќе се избира најповолниот понудувач. -Огласот за Јавната набавка за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d  е објавена на 15.9.2022 година и доставувањето на понудите е најдоцна до 17.10.2022 година во 11:00 часот, по што ќе се одржи јавното отворање на понудите во Јавното претпријатие за државни патишта. По отворањето на понудите ќе следува период од 30 дена за евалуација и избор на најповолен понудувач. Целата постапка, нагласуваат оттаму, се одвива согласно со Закон за јавни набавки и роковите предвидени со нив, информираа за МИА од ЈПДП. Како што изјави претходно министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, по заокружувањето на новата постапка за избор на надзор и консултант за автопатите се очекува подготвителните работи да завршат до крајот на годината, а по проектирањето и експропријацијата во текот на следната година да има работа на терен. -Сите подготвки очекуваме да ги направиме до крај на годината, потоа да се влезе и со постапките на проектирање и експропријација каде што е потребно, и во текот на наредната  година да видиме полн прогрес на работа на терен заради тоа што тоа се многу значајни патни правци за кои државата е подготвена да издвои средства како никогаш досега и да ги реши и  да ги затвори Коридорот 8 и  Коридорот 10, рече Бочварски, на новинарско прашање при посета на општина Боговиње. Со огласот на ЈПДП се избира консултант и надзор што ќе ја следи градбата на автопатските делници Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште – Струга- Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д од страна на конзорцоумот „Бехтел и Енка“. Првиот тендер за иззбор на надзор за овој прокет пропадна откако избраната компанија не ја достави банкарската гаранција. лв/дма/ фото МИА архива

Остани поврзан