• понеделник, 23 декември 2024

Телефонски разговор Муцунски – Сибиха: Реафирмирана поддршката за Украина

Телефонски разговор Муцунски – Сибиха: Реафирмирана поддршката за Украина

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево остварил телефонски разговор со својот украински колега Андриј Сибиха.

Како што информираше Министерството за надворешни работи, за време на разговорот, Муцунски ја реафирмираше нашата поддршка за Украина, која ќе продолжи и во иднина. Тој потенцираше дека, како земја-членка на НАТО, остануваме посветени на обезбедување силна политичка и практична помош за Украина додека таа ја брани својата независност и територијалниот интегритет.

Теми на телефонскиот разговор биле и актуелни билатерални прашања, при што двете страни изразија уверување дека добрата соработка помеѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период.

Во таа насока, договорена е работна средба помеѓу двајцата министри која ќе се одржи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. ев/лв/

ФОТО: МНР 

Остани поврзан