• петок, 05 декември 2025

Официјално отворена фестивалската сала ,,Ванчо Чавдарски" во беровско Владимирово

Официјално отворена фестивалската сала ,,Ванчо Чавдарски

Берово, 28 април 2025 (МИА) - Во беровското село Владимирово викендов официјално беше отворена фестивалската сала ,,Ванчо Чавдарски", каде кон крајот на месец мај ќе се одржи фестивалот Фолк Фест ,,Владимирово 2025". 

Во рамки на отворањето на фестивалската сала, концерт одржа камерниот оркестар ,,Скопски солисти“  и обоистот проф. Васил Атанасов кои ги придружуваше баритонот Борис Трајанов, a публиката уживаше во изведбите на дела од европски и македонски композитори под диригентската палка на Ангел Спировски.

Творец на проектот е еден од најпознатите македонски хармоникаши, маестро Горан Алачки, а настанот се организира под покровителство на Здружението З.В.И.С. и Културниот центар „Горан Алачки“.

Како што истакнаа пред присутните на отворањето на фестивалската сала од Културниот центар „Горан Алачки“,  концептот за „Фолк Фест Владимирово“ е сам по себе уникатен, бидејќи на истиот ќе настапат дојаените на македонската фолк естрада и учесници чиј квалитет одамна е докажан пред македонската публика.

Меѓу главните ѕвезди кои ќе настапат на првото издание на „Фолк Фест Владимирово“ се Драган Мијалковски, Круме Спасовски, Зуица Лазова, Горан Кукиќ, Жаклина Узунова, Благоја Грујовски, Ленче Кукиќ, Наум Петрески, Ванчо Тарабунов, Нино Величковски, Перо и Виданка Георгиевска.

„Фолк Фест Валандово“ ќе се одржи на празникот Вознесение Христово Спасовден. вс/дма/


Фото: В.Атанасов и Ж.Младеновски
 

Остани поврзан