• понеделник, 24 јуни 2024

Тајани со став дека Западен Балкан треба да се приклучи на ЕУ пред Украина

Тајани со став дека Западен Балкан треба да се приклучи на ЕУ пред Украина

Луксембург, 24 јуни 2024 (МИА) - Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денеска дека Западен Балкан треба да се приклучи на Европската унија пред Украина и изрази надеж дека тоа ќе се случи пред 2030 година.

Во Луксембург, каде што одржува состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Тајани, запрашан за коментар за фактот дека Украина утре официјално ќе ги почне преговорите со ЕУ, рече дека ЕУ е подготвена да ја поддржи таа земја во секој сектор, вклучително и во борбата против корупцијата, но нагласи дека на ред треба да дојде Западен Балкан пред Украина.

„Пред Украина има многу земји од Западен Балкан. Треба да одиме понатаму и се надевам на полноправно членство на земјите од Западен Балкан пред 2030 година, а потоа треба да работиме со Украина и Молдавија. Мислам дека е важно да веднаш започнете дијалог со Украина“, рече Тајани.зш/

Остани поврзан