• четврток, 17 октомври 2024

Таравари: Не очекуваме негативно мислење за законот за правична и соодветна застапеност, тој е изработен од меѓународни експерти

Таравари: Не очекуваме негативно мислење за законот за правична и соодветна застапеност, тој е изработен од меѓународни експерти

Гостивар, 14 октомври 2024 (МИА) - Мислењето на Венецијанската комисија за законот за правична застапеност е добредојдено, рече министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарско прашање со кое му беше предочено дека претходно го критикувал Законот за јазици, бидејќи бил испратен до Венецијанската комисија.

- Се радувам што сте сфатиле дека има закон за правична застапеност бидејќи до пред три - четири дена се зборуваше дека нема таков закон, па дека премиерот не знае за тоа. Има готов закон кој треба да го синхронизираме и да го координираме. Нема ништо лошо ако се бара дополнително мислење. Сметам дека е неспорно овој закон да помине во Собрание што поскоро, и нема ништо лошо ако земаме второ мислење, рече Таравари.

Тој очекува позитивен одговор од Венецијанската комисија бидејќи, како што рече, е работен со меѓународни експерти кои се кредибилни и респектирани во институциите на меѓународното право. згм/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан