Таравари и Андовски во посета на прилепската Општа болница
- Во Општата болница во Прилеп денеска ќе биде промовирана нова медицинска опрема.

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Во Општата болница во Прилеп денеска ќе биде промовирана нова медицинска опрема.
На настанот, како што најавија од Министерството за здравство, ќе присуствуваат министерот за здравство Арбен Таравари и заменик министерот Јовица Андовски. бд/бак/
Фото: „Фејсбук“ страница на Општа болница со проширена дејност - Прилеп