• четврток, 09 април 2026

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е поголема видливост и рамноправност

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е поголема видливост и рамноправност

Скопје, 8 април 2026 (МИА) - И покрај значајниот и докажан придонес во развојот на македонската културно-уметничка сцена, ромските уметници сѐ уште остануваат маргинализирани, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со истакнати ромски уметници и културни дејци, по повод Меѓународниот ден на Ромите.

Како што соопштија од Кабинатот на претседателката, на средбата, која се одржала во духот на отворен и конструктивен дијалог, биле разменети мислења за состојбите во македонскиот културен амбиент и за местото и улогата на уметниците, вклучително и на ромските уметници во него. По изнесените ставови, било оценето дека постои изразена потреба од создавање поголеми можности за нивно присуство и видливост во уметничкиот живот.

Таа истакна дека е неопходно да се надмине нееднаквоста на шансите во културата преку уметничка, а не политичка евалуација, како и преку поголема институционална поддршка на најталентираните ромски уметници.

-Мора да ги надминеме стереотипите и да ги афирмираме очигледните културни дострели на Ромите, нагласи претседателката.

Уметниците ги споделија своите животни и уметнички визии, искуства и успеси, посочувајќи дека дигиталните платформи и мултимедијалните форми претставуваат значајна можност за поширока уметничка презентација. Притоа беше нагласена и важноста на вмрежувањето како фактор за унапредување и стимулирање на нивната уметничка дејност.

Сиљановска-Давкова, честитајќи им го Меѓународниот ден на Ромите, повика на континуирано препознавање и поддршка на најталентираните ромски уметници, како и на младите уметници воопшто, оценувајќи ги како незаменливи творци на квалитетен културен живот.бк/

фото: Кабинет на претседстелката Гордана Сиљановска-Давкова

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан