Велешката Општа болница се опреми со опрема за дијагностика и лекување на одредени заболувања
- Јавната здравствена установа Општа болница Велес во текот на минатата и оваа година се опреми со нова многу важна апаратура за дијагностицирање,превенцијата и лекување на одредени заболувања и третман кај пациентите.Набавена е нова опрема на Нервното одделение каде е набавен ЕКГ и интерфузер,на Рендген одделението каде е набавен нов дигитален рентген апарат и Дензитометар или популарно наречен Дексаскен кој ја мери минералнаа коскена густина односно квалитетот на коските и заболување со остеопороза,како и новиот ултразвучен ЕХА апарат на Интерното одделение.Сета оваа вредна опрема за велешката болница чини околу 24,5 милиони денари набавена со средства од велешката Општа болница во координација со Министерството за здравство и Фондот за здравство,информира заменик министерот за здравство Јовица Андовски при денешната посета на велешката болницата каде направи увид на опремата заедно со директорот на болницата Александар Бузалков и медицинскиот кадар.Воедно на здравствените работници им го честитаа и Светскиот ден на здравјето 7 април.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.