Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
- Голем дел од дел од дефицитот на лекарски кадар во здравството ќе се надомести со приватните специјализанти од кои на последниот повик се пристигнати околу 480 апликации, а ќе се постапува според интересот на болниците. Се надевам дека во првите 300 доктори, дел од нив, можеби повеќе од 10, ќе ги ангажираме во Штип, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - Голем дел од дел од дефицитот на лекарски кадар во здравството ќе се надомести со приватните специјализанти од кои на последниот повик се пристигнати околу 480 апликации, а ќе се постапува според интересот на болниците. Се надевам дека во првите 300 доктори, дел од нив, можеби повеќе од 10, ќе ги ангажираме во Штип, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
Тој денеска ја посети Клиничката болница во Штип и најави дека таму првите специјализанти може да се очекуваат до крајот на годината. Интерес изразиле околу 30 доктори.
-Разговаравме и со директорот, и кај него дошле специјализанти кои изразиле интерес, но и кај нас се дојдени, апликаците се веќе собрани, околу 480 доктори од вкупно 600, нормално, ќе постапиме по интересот на болниците. За во Штип информацијата е дека некаде околу 30 доктори изразуваат интерес, не само од Штип туку и од околните места, ќе постапиме според тоа што ќе го каже директоорт дека е приоритет, изјави Таравари.
Според Таравари, со планираните вработувања на над 1000 лица во здравството кои сега се ангажирани со договор на дело ќе се отвори можност за нови договори поради огромниот дефицит на здравствениот кадар.
- Во здравството моментно, за жал, се ангажирани 2500 луѓе претежно средно медицински кадар со договор на дело. Земавме обврска до крајот на годината на дел од нив, на над 1000 ќе се обидеме да им дадеме решение и со тоа за да отвориме можност за нови договори бидејќи навистина има огромен дефицит на доктори, но посебно од болничари, хигиеничари и медицинси персонал, .. рече Таравари.
Во штипската Клиничка болница, како што рече директорот Владко Захариев, има дефицит на кадри во сите одделенија.
-Најалармантно е на Анестезија, Гинекологија, исто така ни фалат и доста општи хирурзи, исто и на интернисти, односно во сите одделенија, рече Захариев. лв/вдј/
фото:МИА