Танкоски следните две сезони во дресот на Вардар
- Македонскиот бек Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на Вардар.
Скопје, 14 јуни 2024 (МИА) - Македонскиот бек Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на Вардар.
Повремениот македонски репрезентативец кој игра на позицијата среден бек ќе го облече „црвено-црниот“ дрес и доаѓа како играч од кого многу се очекува во иднина, играч кој има огромен потенцијал, соопштија од клубот.
Танкоски потекнува од Струга од каде доаѓаат голем број на ракометни таленти и докажани ракометари.
Во својата кариера Танкоски играл за екипата на Металург 2, потоа за Металург и по четири сезони поминати во Битола се враќа во Скопје.
Зад себе има две титули и еден Куп на Македонија. дс
Фото: Фејсбук/ РК Вардар 1961