• среда, 17 јули 2024

С Македонија и Албанија соработуваат во НАТО-прокет за управување со кризи (ПВТ)

С Македонија и Албанија соработуваат во НАТО-прокет за управување со кризи (ПВТ)
Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Во рамки на соработката на Република Северна Македонија и Република Албанија во делот на управувањето со кризи в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов е во работна посета на Албанија по повод  спроведувањето на обука за НАТО регионални проекти во делот на управување со кризи. Како што соопшти ЦУК, Ангелов беше придружуван од кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS), Урим Вејсели заедно со стручни лица од ЦУК, а од албанска страна на отпочнувањето на обуката присуствуваа заменик министерот за одбрана Петрo Кочи, директорот на Националната агенција за цивилна заштита Хаки Чако и генералниот директор (на Генералниот директорат) на Службата за заштита и спасување од пожар на Албанија, Алфред Кристули. Станува збор за настан директно поврзан со обуката за веб-базираната комуникациска платформа „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти“ (Next-Generation Incident Command System – NICS) и е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби“ во Западен Балкан којшто се имплементира во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (NATO SPS). Во своите воведни обраќања, заменик министерот за одбрана и генералниот директор на Националната агенција за цивилна заштита на Албанија, изразија задоволство за спроведувањето и соработката на проектот. -NICS претставува едно од најсовремените технолошки постигнувања во полето на кризниот менаџмент, а Република Северна Македонија и земјите од регионот (Република Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина) ја имаат можноста и привилегијата во целост да го имплементираат овој систем до крајот на 2021 година. Како алатка за просторно прикажување на податоци во насока на справување со настаните и појавите во реално време, NICS овозможува брза и ефикасна комуникација и координација помеѓу надлежните служби со цел побрзо донесување одлуки за ефикасно справување. Алатката истовремено овозможува целосно и вистинито информирање на медиуите и граѓаните во насока на подигање на свесноста и разбирањето на ризиците, рече Ангелов, во своето воведно обраќање. Центарот за управување со кризи, како координатор на проектните активности во Република Северна Македонија, има успешна соработка со институциите во земјата кои се дел од проектот, вклучително и со земјите партнери од регионот и пошироко. вг/са/

Остани поврзан