• недела, 07 јули 2024

Суарез го постигна првиот гол во ЛШ на гости од 2015 година

Суарез го постигна првиот гол во ЛШ на гости од 2015 година
Милано, 29 септември 2021 (МИА) - Атлетико синоќа го победи Милан со 2:1 во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Напаѓачот Луис Суарез го постигна победничкиот гол во седмата минута од судиското надополнување. Уругваецот се запиша во листата на стрелците од пенал. За него, овој гол беше прв од 2015 година на гостински терен на меч од елитното натпреварување. Суарез последен пат постигна гол на гости во Лигата на шампионите против Рома (1:1) во сезоната 2015/16. По две кола во Б-групата, Ливерпул е лидер со максимални шест бодови, Атлетико Мадрид има четири, Порто еден, Милан е последен без освоен бод. зс/

Остани поврзан