• недела, 22 декември 2024

Синот на Леброн Џејмс не се прослави на својот деби НБА настап

Синот на Леброн Џејмс не се прослави на својот деби НБА настап

 

Лос Анџелес, 7 јули 2024 (МИА) – Брони Џејмс, синот на еден од најдобрите кошаркари во историјата Леброн Џејмс, во саботата вечер го одигра првиот натпревар за Лос Анџелес лејкерс на турнирот од летната лига во Сан Франциско.

Деветнаесетгодишниот Брони, кој минатата недела беше избран од Лејкерс како 55-ти пик на драфтот, не блескаше во поразот на неговиот клуб од Сакраменто Кингс со 108-94, постигнувајќи четири поени.

Брони мина 21 минута на паркетот и реализираше само два од деветте обиди, а додаде по два скока и асистенции.

Брони, кој е поранешен играч на Универзитетот во Јужна Калифорнија (USC), во новата сезона заедно со својот татко Леброн ќе го формираат првиот татко-син тандем во историјата на НБА лигата.

Леброн Џејмс не беше дел од тимот на Лејкерс на подготвителниот турнир „Калифорнија класик“, бидејќи се подготвува со американскиот тим за настап на Олимписките игри во Париз. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан