• недела, 07 јули 2024

Суарез би можел да се пресели во Астон вила

Суарез би можел да се пресели во Астон вила
Мадрид, 19 јануари 2022 (МИА) - Уругвајскиот фудбалски репрезентативец, и член на Атлетико, Луис Суарез може да го напушти клубот од Мадрид. Ова го објави шпанскиот новинар Жерар Ромеро на Твитер. Како што е наведено, тој има понуди од клубови од Јужна Америка и Саудиска Арабија. Сепак, 34-годишниот напаѓач сака да продолжи да игра во Европа, па како една од погодните опции ја гледа Астон вила која е предводена од тренерот Стивен Џерард. Суарез со Џерард заедно играа за Ливерпул. Уругваецот верува дека и покрај неговата возраст е способен да игра во толку силно првенство како што е Премиер лигата. Во тековната сезона Суарез одигра 25 настапи за Атлетико во сите натпреварувања, постигнувајќи осум голови и една асистенција. зс/

Остани поврзан