Студентите и денеска им оддадоа почит на загинатите во Нови Сад
- Студентите на Инженерскиот, Машинскиот, Правниот и Технолошко-металуршкиот факултет во Белград и денеска, со почеток во 11:52 часот, продолжија со 15-минутната акција „Застани Србијо“ и блокада на сообраќајот пред зградата на техничките факултети, со што им оддадоа почит на 15-те загинати во трагедијата на железничката станица во Нови Сад.
Белград, 31 декември 2024 (МИА) – Студентите на Инженерскиот, Машинскиот, Правниот и Технолошко-металуршкиот факултет во Белград и денеска, со почеток во 11:52 часот, продолжија со 15-минутната акција „Застани Србијо“ и блокада на сообраќајот пред зградата на техничките факултети, со што им оддадоа почит на 15-те загинати во трагедијата на железничката станица во Нови Сад.
Студентите стоеја во тишина 15 минути, стоеше и колоната возила и немаше никакви инциденти.
Не се слушнаа ниту сирени на нервозните возачи, пренесе Бета.
Студентите носеа транспаренти „Машинистите против машинеријата“, „Студентите посилни од бетонот“, а оние од Технолошко-металуршкиот факултет носеа транспаренти со кратенката и симболот на оваа образовна институција. јт/
Фото: Х