Венецуела нуди награда од 100.000 долари за лидерот на опозицијата Гонзалес Урутија
- Венецуелските власти нудат награда од 100.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на прогонетиот опозициски лидер Едмундо Гонзалес Урутија, кој тврди дека го победил претседателот Николас Мадуро на претседателските избори во јули минатата година.
Каракас, 3 јануари 2025 (МИА) - Венецуелските власти нудат награда од 100.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на прогонетиот опозициски лидер Едмундо Гонзалес Урутија, кој тврди дека го победил претседателот Николас Мадуро на претседателските избори во јули минатата година.
„Се бара, Наредба за апсење. Награда: 100.000 долари“, пишува на постер што полицијата го објави на социјалните мрежи доцна синоќа, со фотографија на Урутија, кој во септември замина во егзил во Шпанија.
Постерот ќе биде поставен на аеродромите и полициските контролни пунктови низ целата земја, изјавија извори блиски до правосудните органи на Венецуела.
Прогласувањето реизборна победа на Николас Мадуро за трет шестгодишен мандат беше силно оспорено од опозицијата, која го смета Гонзалес Урутија за победник, со повеќе од 67 отсто од гласовите.
Гонзалес Урутија и венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо ги повикаа своите сограѓани да протестираат бидејќи претседателот Николас Мадуро треба да положи заклетва за трет мандат на 10 јануари.
Освен САД, реизборот на Мадуро не го признаваат и Европската унија и многу земји од Латинска Америка. паг/
Фото: МИА архива