• сабота, 18 мај 2024

Студентите во Бразил се приклучија на глобалниот протест за Газа

Студентите во Бразил се приклучија на глобалниот протест за Газа

Сао Паоло, 10 мај 2024 (МИА) – Студентите на Универзитетот во Сао Паоло во Бразил подигнаа камп „Солидарност со Газа“ како одговор на израелските напади и поддршка за Палестинците, јави Анадолија.

Студенти на многу факултети на Универзитетот во Сао Паоло, кој важи за најпрестижниот универзитет во Латинска Америка, протестираа против израелските напади врз Газа.

Студентите подигнаа камп „Солидарност со Газа“ пред ректоратот, повикувајќи ја владата на Бразил да ги прекине дипломатските и економските односи со Израел.

Носејќи палестински знамиња тие извикуваа „Слободна Палестина“ и „Веднаш прекин на огнот“, апелирајќи до сите универзитети во земјата да им се придружат. јт/

Остани поврзан