• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Струшка нефрологија доби три нови апарати за за современа дијализа

Струшка нефрологија доби три нови апарати за за современа дијализа

Струга, 18 март 2025 (МИА) - Специјализираната болница за нефрологија - Струга денеска доби три апарати за хемодијализа, хемодијафилтрација и хемофилтрација во вредност од над три ипол милиони денари преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, проект финансиран од Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка.

Апаратите, како што посочи директорот на Југозападен плански регион, Валон Каба, ќе овозможат подобра грижа за пациентите со хронична бубрежна инсуфициенција, како и за оние со акутни состојби, кои бараат напредни методи на прочистување на крвта.

Новата опрема, според него, ќе овозможи подобар третман на пациентите, зголемена достапност на услугите и намалување на ризиците и компликациите.

– Новите апарати нудат повисоко ниво на ефикасност во отстранувањето на токсините и вишокот течности од крвта, со што ќе се подобри општата здравствена состојба на пациентите. Со проширување на капацитетите на установата, ќе се намали времето на чекање за пациентите кои имаат потреба од дијализни третмани и ќе овозможат понапредни и посигурни методи на третман, што директно ќе влијае на намалување на несаканите ефекти кај пациентите, истакна Каба.

Опремата, додаде тој, ќе овозможи и поддршка за акутните случаи, како и подобри услови за работа на вработените.

– Покрај хроничните пациенти, со овие апарати ќе може поефикасно да се третираат и пациентите со акутна бубрежна инсуфициенција, што е особено важно за итните случаи во регионот, а медицинскиот работници ќе имаат на располагање современа опрема која овозможува попрецизен и побезбеден мониторинг во третманот, истакна Каба.

Апаратите за хемодијализа, хемодијафилтрација и хемофилтрација се набавени преку проектит „Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во Југозападниот плански регион“. сс/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан