Струмички „Комуналец“ ќе ја санира депонијата кај Добрашинци која два дена беше опожарена
- Струмички „Комуналец“ ќе преземе мерки за санирање на депонијата кај Добрашинци, која два дена беше опожарена, а чадот од неа го загадуваше воздухот во Струмичката котлина
Струмица, 21 јули 2026 (МИА) - Струмички „Комуналец“ ќе преземе мерки за санирање на депонијата кај Добрашинци, која два дена беше опожарена, а чадот од неа го загадуваше воздухот во Струмичката котлина.
Ова го соопштија денеска од комуналното претпријатие од каде најавуваат ангажирање дополнителна механизација за целосна оперативна санација на депонијата, поставување целосен видео надзор на просторот и континуирано следење и стабилизирање на состојбата, со цел спречување на слични ситуации во иднина.
- Според првичните согледувања една од можните причини за пожарот е самозапалување предизвикано од метан, кој се создава при разградување на органската материја во депонијата-појава карактеристична за вакви простори, се наведува во соопштението.
Се додава дека состојбата на депонијата е резултат на долгогодишни предизвици во нејзиното управување и опременост кои бараат системско решение, а ЈПКД „Комуналец“ ја сфаќа сериозно грижата на граѓаните и ќе продолжи да презема мерки за одговорно и современо управување со депонијата.рт/са/
Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица