Струмичките пожарникари изгаснаа пожар на семејна куќа во Турново, нема повредени
- Синоќа околу полноќ струмичките пожарникари гаснеле пожар на запалена покривна конструција на семејна куќа во село Турново, соопштија денеска од ТППЕ
Струмица, 22 јули 2026 (МИА) - Синоќа околу полноќ струмичките пожарникари гаснеле пожар на запалена покривна конструција на семејна куќа во село Турново, соопштија денеска од ТППЕ Струмица.
Во интервенцијата биле ангажирани три противпожарни возила и 10 пожарникари-спасители, кои со брза и координирана акција успеале да го стават пожарот под контрола.
- Спасен е поголем дел од покривот и спречено е негово понатамошно ширење кон останатиот дел од куќата и соседните објекти, се наведува во објавата на струмичките пожарникари, кои освен оваа интервенција имаа полни раце работа и по вчерашното невреме кое го зафати регионот.
Се додава дека интервенцијата завршила успешно без жртви и повредени рт/дма/
Фото: ТППЕ Струмица