• петок, 22 ноември 2024

Стопанската комора почнува соработка со УГД Штип, предвидена поддршка за компаниите да го усвојат принципот на циркуларна економија

Стопанската комора почнува соработка со УГД Штип, предвидена поддршка за компаниите да го усвојат принципот на циркуларна економија

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Стопанската комора почнува конкретна соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) - Штип во делот на зелената и циркуларната економија. Преку овој проект компаниите ќе може да ги користат лабораториите, истражувачката инфраструктура на Универзитетот, како и научните и стручните експертизи за меѓународните стандарди за заштита на животната средина.

-Почнуваме со поддршка на компаниите во воведувањето на концептот на циркуларна економија и креирање нови, иновативни производи со реупотреба на материјали и имплементирање стандарди за заштита на животната средина, рече претседателот на Комората Бранко Азески.

Според ректорот на УГД Дејан Мираковски, проектот циркуларна и зелена економија е финансиран во рамки на Програмата за колаборативни проекти на Министерството за економија.

-Целта е да изградиме платформа за долгорочна соработка меѓу науката и бизнисот токму во делот на новите трендови како циркуларната и зелената економија и да обезbедиме поддршка за имплементација на овие решенија во домашната индустрија, истакна ректорот.

Предвидено е да се формираат два меѓусебно поврзани центри - бизнис центар во Комората и научно-истражуачки центар во рамки на УГД. Организирани ќе бидат и технички обуки за фирмите како поддршка да воведат поголема заштита на животната средина.

Стопанската комора веќе почна серија разговори со државните универзитети и работи на платформи и прoграми за соработка, со цел, како што рече Азески, науката да се стави во функција на бизнисот. мч/лв/

фото: Стопанска комора

Остани поврзан