• сабота, 06 декември 2025

Стоилов се враќа во репрезентацијата на Македонија

Стоилов се враќа во репрезентацијата на Македонија

Скопје, 4 мај 2025 (МИА) - Поранешниот репрезентативец на Македонија, Стојанче Стоилов се враќа во стручниот штаб на ракометната репрезентација, соопшти селекторот Кире Лазаров.

Тој се враќа пред натпреварите против Естонија и Литванија во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Македонија во четврток од 18 часот гостува кај Естонија, а три дена подоцна во истиот термин ја пречекуваме Литванија.

Со победи во овие два меча, „црвено-жолтите“ ќе се пласираат на Европското првенство. дс

Фото: Архива

Остани поврзан